ХАРАДИНАЈ ГИ ПРАВДА СВОИТЕ ПОСТАПКИ ПРЕД СВЕТОТ: Испратил писма до сите држави во светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека им испратил писма на премиерите на сите држави во светот, со цел, како што вели, да им ја објасни природата на дијалогот меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на својата страница на Фејсбук, на која го објави и писмото, вели дека на светските премиери им објаснил оти дијалогот се одвива меѓу две суверени држави и негов субјект не е финалниот статус на Косово, туку нормализирање на односите со Србија, со меѓусебно признавање на двете држави.

„Утрово им испратив појаснувачко писмо на сите премиери во светот, со кое им ја објаснив природата на дијалогот Косово-Србија. Дијалогот Косово-Србија е дијалог меѓу две суверени земји и негов субјект не е финалниот статус на Косово, туку нормализирање на односите со Србија, со меѓусебно признавање на двете држави. Со ова појаснување имаме намера да ставиме крај на српската пропаганда дека статусот и територијата на Косово се уште се на маса. Косово својата државност ја заокружи на 17 февруари 2008 година“, напиша Харадинај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This