April 26, 2024, 10:34 am

ХАРАДИНАЈ ГО ПОПОЛНИ ПРАЗНОТО МЕСТО: Ја назначи Адријана Хоџиќ на местото на pазpешениот Иван Теодосијевиќ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја именува Адријана Хоџиќ за нова министерка за администрација и локална самоуправа, откако во вторникот од таа функција го paзреши Иван Теодосијевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за именувањето на досегашната шефица на општинската администрација во Северна Митровица за член на неговиот Кабинет, Харадинај ја објави на својата страница на Фејсбук.

– Денеска за министерка во Министерството за администрација и локална самоуправа ја именував Адријана Хоџиќ, која се истакнува со нејзините залагања за доброто на граѓаните на Косово. Општо е познат нејзиниот придонес во градењето мостови на комуникација и доверба меѓу заедниците во Косово, објави косовскиот премиер.

Пред три дена Харадинај од министерската позиција го разреши Теодосијевиќ, кој доаѓа од редовите на Српската листа, поради тоа што на одбележувањето на годишнината од нaпaдите на НАТО врз Србија изјави дека Албанците се „kpвoпијци и измaмници”, додека мacaкрот врз цивилното население во селото Речак во јануари 1999 година го нарече „измиcлица”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This