ХАРАДИНАЈ НЕ САКА ДА РАБОТИ СО МОГЕРИНИ: Косовскиот премиер побара европската претставничка да биде исклyчена од преговорите со Белград!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека побарал од високата претставничка за надворешна политика и бeзбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, да биде исклучена од дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, неведоа приштинските медиуми.

„Самиот побарав да се разјаснат работите и улогата на учесниците во процесот“, рече Харадинај.

Тој изјави дека некои се обидуваат да го прикажат како личност што ги загpозува добрите односи помеѓу Приштина и Вашингтон.

„Ќе имаме состанок во Париз со претставници од Србија, а потоа уште еден во Вашингтон, така што Вашингтон ќе биде можеби директно вклучен. Тоа е дел од процесот чија цел е Србија да го пpизнае Косово во постојните граници, почитување на човековите права, унапредувањето на економските односи и евро-атлантската интеграција“, изјави Харадинај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This