Харадинај: Ние сме измaмници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер во оставка и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај ги обвини политичките челници, вклучително и себе, за неизвршување реформи во изборното законодавство, што резултира со големо доцнење во објавувањето на резултатите од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Храдинај во синоќешното интервју за приштинската РТВ21 рече дека за доцнењето не треба да се обвинуваат Централната изборна комисија (ЦИК) и Изборниот панел за претставки и поплаки, туку самите политички партии.

– Ние сме измамници зашто не извршивме изборни реформи. Вклучително и мене, кој сум дел од тие преговарачки форуми, изјави Харадинај.

Не е првпат Харадинај да изрекува критики на сметка на државните челници. Пред извесно време, во интервју за албански медиум, тој ги обвини лидерите во Косово и Албанија дека „ги крадат сопствените држави“.

Повеќе од еден и пол месец по изборите од 6 октомври во Косово, се уште нема конечни резултати, поради што не може да се формира новото Собрание и новата Влада. Во Центарот за броење и резултати при ЦИК во тек е пребројувањето на 1.407 од вкупно 2.547 гласачки места на кои се гласаше за вонредните парламентарни избори. Овој процес, започнат на 13 овој месец, истиот ден кога ПЗАП ги прифати поплаките на некои од учесниците на изборите, според најавите од ЦИК, се очекува да заврши утре, 24 ноември, по што би требало да се објават конечните резултати и да се пристапи кон формирање на институциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This