ХАРАДИНАЈ СЕ ФАЛЕЛ СО ПОДДРШКАТА НА ДИП СТЕЈТ, ТАЧИ СО ТРАМП: Тајно се сретнале па се искрале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пукна тиквата! Оваа народна изрека најдобро ќе го опише односот меѓу премиерот и претседателот на  Косово, Рамуш Харадинај и Хашим Тачи.

Речиси сите медиуми од Косово ја пренесоа веста дека Рамуш Харадинај и Хашим Тачи се сретнале во куќата на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, но не и деталите за кавгата.

Не е тајна дека уште одамна има непријателски однос меѓу Харадинај и Тачи, а нивните контрадикторни изјави создадоа сериозен проблем за Косово со САД, кој отворено бара од Приштина да слуша еден, а не два гласа.

– Пацоли, како најбогатиот Албанец и човек кој многу направи за независно Косово, доби задача од Вашингтон да ги смири Харадинај и Тачи. Тој ги покани во неговата вила, но таму наместо мир се случила вистинска вojна. Се размениле тешки зборови, навреди – откриваа извор близок до претседателот на Косово.

Според него, конфликтите на Харадинај и Тачи избиле кога требало да се согласат кој ќе го има”главниот збор кајАмериканците”.

– Тачи тврди дека има отворена поддршка од администрацијата на Доналд Трамп, додека Харадинај, од друга страна, тврди дека е поддржан од дип стејт. Во еден момент Харадинај станал и му се развикал на Тачи: “Вие сте предавник, вие никогаш нема да бидете мој претседател”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This