ХАШИМ ТАЧИ ГО ПОКАНИ ПУТИН ВО ПРИШТИНА: Ни треба поддршка во преговорите со Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот претседател Хашим Тачи, во интервју за руската агенција РИА, го покани рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Приштина, тврдејќи дека Косово не ѝ е непријател на Русија.

 

 

„Го поканувам да дојде на Косово. Важно е да изградиме добар однос, да воспоставиме врска“, кажа Тачи.

На прашањето за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, Тачи кажа дека „дијалогот треба да биде без поставување услови од двете страни“.

Тој смета дека „Србија не треба да го поставува укинувањето на царините како услов за продолжување на преговорите“.

На прашањето дали е спремен на евентуално поактивно учество на Русија во преговорите меѓу Србија и Косово, Тачи кажа дека ЕУ во моментов има водечка улога во процесот на дијалогот, и дека така ќе биде и во иднина.

Но, истакна дека е „многу инспириран“ од директниот и фер разговор што го имал во Париз со Путин пред два месеци, кога рускиот претседател му кажа дека „ако Косово и Србија постигнат договор на мирен начин, преку дијалог, тој ќе го прифати и поддржи таквиот документ“.

„Тоа е нов и позитивен чекор“, кажа Тачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This