ХАЈКА ПРОТИВ ПАНЧЕВСКИ ЗА ПУЧ ВО КРИВИЧЕН СУД: Целта е да се постави раководител на судот кој ќе исполнува желби на квази-институции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хајката која во последниов период се води против претседателот на Кривичниот Суд не е ништо повеќе од обид за пуч, со цел промена на раководната структура на судот и внесување на кадри кои ќе бидат спремни да ги исполнуваат желбите на квази-институции, поттикнати од некои надворешни центри на моќ, вели претседателот на Кривичниот Суд Владимир Панчевски во интервју за Прес24

pancevski_vskata

Веќе еден месец трае хајката против претседателот на Кривичниот Суд Владимир Панчевски од група на судии и службеници во судот, кои поттикнати од некои надворешни структури на моќ, како што вели Панчевски, имаат за цел негово разрешување од раководната позиција и поставување на послушници кои ќе ги исполнуваат желбите на квази-институциите, кои без никаков правен основ бараат од судот да донесе решенија чија единствена цел е водење на политичка кампања во корист на опозицијата.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-Сето ова е диригирано од еден центар на моќ па затоа и сите овие случувања коинцидирааат во ист период . Интересна е и обоеноста на поддржувачите и пласирачите на вакви информации преку мој медиумски јавен линч. Целта е Кривичниот суд, позицијата претседател на Кривичниот суд, а јас лично сум жртвата во сите овие исконструирани настани. Очигледно некој смета дека може да го скрши последниот бастион на правдата и во иднина преку овој суд да располога како сака со непристрасноста и законитоста на досегашното и идно работење на судот, а со тоа да доведе до некаков посакуван исход и да ја оправда  досегашната незаконитост на новоформирани квази институции, за што  како суд јавно информравме, вели во интервјуто за Прес24, претседателот на Кривичниот суд.[/kopa_block_quote]

Ова не е прв атак врз институциите на правдата од страна на поддржувачите на опозицијата и лица кои се на платниот список на Сорос и УСАИД. Имено, пред само неколку месеци група на разулавени соросоиди протестираа пред Уставниот суд, заканувајќи им се на судиите по нивната безбедност, а сето тоа поради поднесокот за разгледување на уставноста на СЈО.

Еден од соросоидите дури доживеа и нервен слом, па почна да вреска пред највисоката правна институција заканувајќи се дека „ќе ги вадел на клоци“, и дека тоа не било Уставен Суд туку „Усран суд“.

Хајката против Панчевски ја започна Андреј Жерновски, кој го скандализираше градењето на објект во општина Центар каде што Панчевски е еден од тројцата сопственици. Според претседателот на Кривичниот суд се работи за обична конструкција и манипулирање на јавноста, имајќи во предвид дека решението за рушење на објектот било укинато од второстепена комисија поради немање на основ за рушење.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Се работи за прв од низата настани во  исконструирана агенда за моја лична и професионална дискредитација. За овој случај неспорно е дека јас сум еден од тројцата сопственици, но пласираните инфромации дека објектот е дивоградба се целосни невистини и наведениот настан е искористен како повод за моја дискредитација како претседател на ОСС1, дека јас нешто незаконито сум стекнал сакајќи да ме прикажат мене како криминален лик иако неспорно се работи за објект од семејно наследство од 1928 година, сопственост на повеќе лица кои се мои роднини, за истиот Општина Центар издала уредни одобренија за градба кои се потпишани лично од градоначалникот. Се работи за неспорно право и вклопеност на објектот согласно донесениот Урбанистички план на оваа општина што е лесно проверливо и е непобитен аргумент дека се работи за легално изграден објект, а за кој општината издала соодветни одобренија за санација и доградба.

Тоа што е сомнително е што Општината Центар и градоначалникот преку одредени медиуми на целиот настан му даде тон на спектакуларност, а за незаконитото работње на општината потврди и второстепената комисија преку решенијата со кои се укинати одлуките на општината со флагрантни повреди на повеќе закони за што надлежноста за ваквите злоупотреби ја презеде Јавното обвинителство – Скопје, објаснува Панчевски во интервјуто за Прес24.

[/kopa_block_quote]

 

На петицијата со која се бара од утврдување на одговорност од Панчевски за непозната материја, се потпишани судии кои на своето „портфолио“ може да се пофала со неколку дисциплински постапки против нив поради несовесно и неодговорно работење, но и поради злоупотреба на судските капацитети.

На петицијата која ја потпишаа 15-ина судии, стојат имињата на познати соработници на една од Амбасадите кои во народот се познати како „чадорот“ за кои јавната перцепција е дека се сценаристи на планот за дестабилизација на државата. Ова се дел од потпишаните судии:

  1. Илија Трпков – надлежен судија во случајот „Ровер“ во кој меѓу обвинетите за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев е осомничен и екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски како нарачател на убиството. Случајот поради пропусти на судијата (намерни или не е непознато) е неколкупати вратен на повторно одлучување. Истиот е близок до судијката Лидија Неделкова како стручен соработник додека таа беше претседател на Кривичниот суд
  2. Александра Ристеска – против судијката е поведена дисциплинска постапка пред Советот за незаконско постапување. Истата е една од трите судијки кои одбија да учествуваат при одлучувањето за издвојување на незаконски прибавените снимени материјали како незаконски докази. Нејзиниот сопруг е Гоце Ристески, инаку близок со Бојан Ефтимов поранешен член на Судскиот совет и судија во кривичен суд до пензионирање, а сега член на партијата на Павле Трајанов
  3. Марија Клетничка – во судските кулоари се зборува за некаква врска со Иван Џолев. Истата го злоупотребувала судскиот доставувач во приватни цели за доставување на претставката во Судскиот совет и советот за факти
  4. Ѓоко Ристов – противкандидат на Панчевски во претходниот избор за претседател на Основниот Суд, инаку близок пријател и соработник со Лидија Неделкова и Туфегиќ
  5. Весна Димошкова – судија која ги издаде наредбите за упад во УБК од страна на Катица Јанева каде што постоеше опасност за вооружено преземање на институцијата која се грижи за националната безбедност. Познато е дека истата е во блиски контакти со Амбасадата на САД, најверојатно со Кристина Каранакова која служи како човек за врски на Бејли кога станува збор за вршење притисоци во правосудниот систем
  6. Огнен Ставрев – син на Драгољуб Ставрев истакнат член на Комунистичката партија, инаку во јавноста се шпекулира дека има проблеми со алхохолот
  7. Џенета Бектовиќ – судија која го суди предметот за Мирослав Шиповиќ за криминалот во „Машинопромет“ и сеуште не може да го пресуди
  8. Васка Масевска – втора братучетка на Иван Џоле и внука на Виолета Дума од ДИК
  9. Дарко Тодоровски – судија против кој се водат дисциплински постапки во Советот, и син на последниот секретар на Собранието на Р.Македонија во еднопартискиот систем
  10. Седат Реџепагиќ – судијата кој не определи притвор за Зоран Заев во предметот „Глобал“. Инаку познат како шеф на истрага кој по нарачка на СДСМ ги спроведувал истрагите против политичките неистомисленици. Инаку омилен судија на Заев.
  11. Васил Динковски – исто така на дисциплинска постапка од Советот

Зад целата оваа хајка најеројатно стојат судијката Неделкова и Иван Џолев. За истите постојат шпекулации кои кружат низ судските лавирините дека токму Неделкова го спасувала Џолев во еден случај кога од неговиот автомобил биле украдени одредени предмети.  Она што е специфично во овој случај е дека кражбата била изведена додека неговото возило било паркирано пред еден мотел во внатрешноста на Р.Македонија, инаку познат како собиралиште на „љубовџии“.

Обидот за пуч на Кривичниот суд не е ниту прв ниту последен обид за делегитимирање на институциите на системот во Македонија. Прва на удар беше Владата, следеше Претседателот на Државата, Собранието, па Уставниот суд, а сега е на ред Кривичниот суд.

Причината е едноставна.

Претседателот на Кривичниот суд водејќи се од позитивните правни прописи не дозволува нелегално издавање на решенија на желба на одредени центри на моќ и квази-институции. Поради тоа, токму тие центри на моќ се обидуваат да го „елиминираат“ од позицијата.

 

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This