ХАЈЛАЈТСИТЕ ОД ПОБЕДНИЧКИОТ НАТПРЕВАР: Грмеше арената „Филип Втори“ – ова се головите кои ја лансираа Македонија на Европско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија ги слави момчињата на Благоја Милевски, направија нешто што беше незамисливо пред почетокот на квалификациите, ќе играат на Европско првенство.

golovi

Македонија ја победи Шкотска со 2-0, Исланд загуби од Украина со 4-2 што значеше дека ние го освојуваме првото место во групата и се пласираме директно на Европскиот шампионат.

Македонија тргна офанзивно уште од самиот старт на натпреварот, уште во воведните минути се виде дека нашите момчиња се подобриот тим на теренот.

Првата ерупција на „Филип Втори“ арената се случи во 18. минута од натпреварот. Радески шутираше, голманот Фултон ја одби топката до Кире Маркоски кој ја смести топката во мрежата на Шкотска за голема радост на Македонија и водство од 1-0.

Само пет минути подоцна 2-0 за Македонија, Барди постигна прекрасен гол од далечина, веќе беше јасно дека Македонија е победникот во овој дуел.

Во 37. минута пенал за Македонија. Еден од шкотските фудбалери играше со рака во својот шеснеаесетник, судијата покажа на белата точка, но Давид Бабунски не ја реализираше најстрогата казна.

Во второто полувреме доминацијата на Македонија продолжи, ја контролиравме играта на теренот и рутински го приведовме натпреварот до крајот по кој заслужено се радуваме на историски успех.

Капата доле за храбрите момчиња кои на Македонија и го донесоа најголемиот фудбалски успех во историјата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This