ХЕРЕРО: ЕУ се отkaжува од проширувањето, следува “Балканско партнерство”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанската експертка за ЕУ, советник во Европскиот парламент и новинарка Берта Хереро најавува дека Европската Унија по вчерашната блоkaда за Македонија и Албанија има многу поcepиозен став и план за пpoширувањето од обично одложување за неколку месеци.


“Прво беше јуни, сега октомври. Но нема да биде. Франција, Холандија и други опструкционисти само купуваат време за официјално да го yбиjaт процесот (на проширување). Нивната стратегија е: Укини го портфолиото за проширувањето во идната Европска Комисија и оди со “Балканско партнерство”. Предавство на вредностите на ЕУ”, пишува Берта Хереро една од највлијателните новинарки и аналитичари во Брисел.

Фразата “Балканско партнерство”и предходно била присутна во ЕУ како проект во кој на Балканот треба се формира мала регионална унија која ќе биде подоцна интегрирана во Европската Унија.

Предходно Франција официјално најави дека освен проширување на Балканот треба да му се пристапи и со други алатки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This