ХИМНА, ГРБ И ЗНАМЕ Е ДЕЛ ОД ПОНУДАТА НА ЗАЕВ: Покрај Гоце Делчев, Даме Груев и Јане Сандански ќе стојат и Наим Фрашери и Џемо Хаса!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Практично, договорот на Заев е за идентитетска промена на Македонија со која се задираат основните постулати како јазикот, името, знамето, грбот и химната.

zaev-ahmeti

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев им соопштил на присутните на Централниот одбор на партијата дека дел од коалицискиот договор со ДУИ ќе бидат и разговорите за промена на знамето, химната и грбот на Македонија.

Заев рекол дека промената ќе дојде во втората фаза која допрва ќе следи. Истовремено, се шпекулирале и имиња на албански балисти кои треба да се додат во текстот на химната.

Па така, освен Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански се разговарало за додавање на имињата на Наим Фрашери, Џемо Хаса и балистот Мефаил Зајази.

Практично, договорот на Заев е за идентитетска промена на Македонија со која се задираат основните постулати како јазикот, името, знамето, грбот и химната.

Она што Заев пред присутните го рекол е дека ќе добие поддршка од 67 мандати, односно сите албански партии за ваквите решенија, што значи дека единствено ќе бидат од одлучување исклучени мнозинството Македонци застапувани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This