ХИСТЕРИЈА ВЛАДЕЕ ВО СЈО: Под притисок на политиката, СЈО е во хистерија да испорача резултати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во периодот што следува јас очекувам кај Специјалното јавно обвинителство оваа хитерија да добива на интензитет, зато што се пртиснати од времето и притиснати се од сопствениот неуспех, односно неспособност да одговорат на задачата која им беше доверена и веќе и кај целокупната јавност и кај нивните жестоки поддржувачи од СДСМ, чија агенда ја спроведуваат, веќе се јавува одредено разочарување бидејќи и таму имало некакви поинакви очекувања кои не се реализирале до крај.

2goca5

Ова го истакна поранешната министерка за внатрешни работи во дебатната емисија „Ѕид“ на Алфа ТВ и додаде дека се чини оти СЈО се во една незавидна позиција за нив.

-Целосно ги изневерија очекувањата, не успеаа да испорачаат резултати и ја девалвираа институцијата која покрај тоа што беше спротивно на Уставот инсталирана во системот на почетокот имаше политичка поддршка да се справи со кризата со која се соочи Македонија, додаде Јанкулоска.

Потсети и за уште едно однесување на Катица Јанева за која јавноста не доби обраложение.

-Катица Јанева тврдеше дека Зоран Заев и ги предал материјалите, ниту направи записник, ниту кажа колку материјали и предал. Во одредена фаза СЈО излезе со некој бројка, меѓутоа таа беше двојно помала од онаа која ја презентираше јавно СДСМ и Заев и најверојатно вторава беше реална затоа што се уште и во денешно време на пазарите низ Македонија, во угостителски објекти се продаваат или се предаваат снимки кои очигледно не се кај Катица Јанева, а таму требаше да бидат. Таа не презеде ништо за да ги стави во сопствено владение исто како што не презема ништо ниту да се тргнат од јавниот простор снимките за кои одреден број на лица јасно и експлицитно го побараат тоа, рече Јанкулоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This