ХИСТЕРИЈА И ПАНИКА ВО РЕДОВИТЕ НА СОРОСОИДИТЕ: Со дрва и камења против Конгресмените од САД ќе го бранат Бејли од одговорност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паника во редовите на соросоидните ботови по најавата за истрага и ревизија во работата на Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли

bejli

Група на влијателни конгресмени денес објавија дека ќе бараат увид во работата на амбасадорот на САД во Македонија, а наскоро ќе бидат испратени и инспектори во Амбасадата во Македонија кои ќе треба да ги проверат обвинувањата за злоупотреба на неговата позиција во делењето на средства од фондот УСАИД, кој инаку се полни од џебовите на даночните обврзници на САД.

Денес ова го најави влијателниот конгресмен, Кристофер Смит откако претходно бил информиран преку светските медиуми.

Ваквата перспектива на работите предизвика масовна хистерија и паника во редовите на соросоидната јавност во Македонија, од каде предводниците на оваа група веќе со години просперираат по принципот на паразит, цицајќи средства од фондовите распределени од Амбасадата, со цел креирање на јавно мислење кое потоа се користи како погодна почва за предизвикување на секако вид на криза по потреба.

bobi_ilievski_kongresmeni

Меѓу оние кои се впуштија во бескомпромисно навредување кон конгресмените кои ја најавија контролата врз работата на Бејли беше и Боби Илиевски, инаку брат на судијката Оља Ристова.

Неговата сестра, Оља Ристова инаку често може да се забележи во друштво на нејзиниот партнер, судијата Владимр Туфегџиќ кој пак е татко на пратеничката на СДСМ, а претходно хулиган во „Шарената револуција“  Ивана Туфегџиќ.tufedzic_olja

Туфегџиќ ианку беше судијата кој го донесе решението за затворање на А1 Телевизија, иако истото од него не беше побарано. Освен со нејзиниот партнер, судијата Туфегџиќ, Оља Ристова инаку сестра на Илиевски, често е во друштво и со специјалната јавна обвинителка Ленче Ристеска.

olja_lenka

Инаку, Ленче минатата година целото лето го помина на обука во САД каде што беше испратена токму од амбасадорот Бејли со посредство на неговата десна рака задолжена за правни работи во Амбасадата Кристина Каранакова. Обуката секако беше платена од буџетот на Владата на САД.

Меѓу оние кои кои се впуштија во навредите кон народните избраници во САД беа и сестрата на Борјан Јовановски, Светлана Јовановска како и новинарката на Утрински весник Слободанка Јовановска – Жижи.svetlana_senator

Според нив, конгресменот Кристофер Смит кој бара инспекција во Амбасадата на САД во Македонија е „корумпиран примерок“ и повикуваат на јавен линч против него, јавно заканувајќи му се дека ќе ја изгубел поддршката од нашинците во САД.

Slobodanka_senator

Претходно, порталот спонзориран и основан со пари на УСАИД и Сорос, раководен од Бранко Геровски пак, најави дека од утре ќе стартуваат со инциијатива за собирање потписи од како што вели „интелектуалци, новинари, експерти“ итн, со кои ќе бараат од конгресмените во САД „да го почитуваат кодексот“.

Меѓу останатото, делот на оние кои изразија намера да се потпишат на иницијативата и влетаа да го бранат Џес Бејли, досега беа финансирани токму од фондовите за кои Конгресот на САД бара истрага за злоупотреба.

 

 

 

 

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This