ХИТЛЕРОВИТЕ ТАЈКУНИ: Ова се нацистичките брендови кои преживеале до денес!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големите и славни германски индустријалци и компании со децении владеат на светскиот пазар, и до неодамна успешно го криеа своето неславно минато, и својата срамна улогва во време на нацизмот. Но мрачната историја за соработката со Хитлер излегува на виделина.

hitler_tajkuni

Веројатно нема личност во светот која барем еднаш не земала Аспирин, не пробала Кока-Кола, многумина имаат Опел, БМВ, Волксваген, Форд автомобили, се облекуваат во одела на Хуго Босс, се возат со лифтови на Thysen-Krupp, користат компјутери на ИБМ или можеби се осигурани во Алианз.

Но малкумина размислуваат дали тие компании некогаш во своето постоење лукратувно соработувале со нацистите и лично со Хитлер. Дури и користеле воени заробеници како работна сила од окупираните земји. Заслугата за Хитлер да дојде и д остане на власт директно ја имаат некои од сопствениците на овие индустрии.

Меѓу компаниите кои највеќе имаат оставено печат е Волксваген со сопственикот Фердинанд Порше. Имено во текот на 1934 година тој се сретнал со фирерот за да ги договорат деталите околу народниот автомобил, кој би требало да биде евтин за да може секој да си го дозволи и да биде аеродинамичен. Тоа била Бубата.

Директна врска со концентрацоните логори и нацистите имала и компанијата за осигурување Алијанз. Имено нејзиниот сопственик бил министер за економија во владата на Хилтер па практично тој ја добил целокупната работа за осигурување во државата. Дотолку повеќе што Алијанз како осигурител на целокупниот Еврејски имот бил исплаќан за секоја штета направена од војската од страна на Третиот Рајх.

Најбруталната единица на Хитлер дивијзијата ЕС ЕС се облекувала во облеката на Хуго Босс, додека Адолф Даслер ги произведувал обувките за војската и младината на Хитлер. Подоцна Адолф Даслер ја отворил фабриката Адидас.

БМВ признава дека во текот на војната искористиле 30 илијади работници заробеници од страна на хитлеровата војска, додека историчарите им препишуваат 50 илијади. Тие изработувале авионски и тенковски моторои.

Дополнително, најголемите компании од САД (General Motors, New Jersy Oil и останати) го произведувале гасот кој се употребувал за убивање на евреите во гасните комори.

Една од најголемите фармацевтски компании Бајер (Baier) кој синтетизирал Хероин како лек против главоболка.

Сименс пак имал фабрика во близина на Аушвиц и користејќи ја бесплатната работна сила произведувала телекомуникациска и друга опрема за војската на Хитлер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This