ХИТ ВО СВЕТОТ:За оригинално име на детето, родителите се спремни да дадат и до 30 илјади долари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тим од 14 експерти за избор на име, кои стојат зад швајцарската компанија “Erfolgswelle” има задача да осмисли оригинално име за дете. Условите се името да не постои на друго место или да има двојно значење на друг јазик.

Денес давањето на име на детето, кое треба да биде што поуникатно, се претвори во норма. Имињата како Џон, Џејмс и Ема во Америка се заменети со многу понеобични имиња.

Така, актерката Гвинет Полтроу ги избрала имињата Епл и Мус за своите деца, пејачката Бијонсе ги избрала имињата Блу Ајви, Руми и Сер Картер, а Ким Кардашијан ги има децата Норт, Сејнт и Чикаго.
Но, што доколку ниедно од овие имиња не е доволно добро за вашето дете? Што доколку сакате нешто навистина посебно?

Многу родители тогаш се обраќаат на вработените од швајцарската компанија која може да им помогне во изборот, нудејќи им единствено име за детето кое чини од 21 до 30 илјади долари.

“Изборот на името често предизвикува тензија помеѓу партнерите и ние навистина можеме да помогнеме во тоа”, вели основачот на компанијата Марк Хаусер.
Тој создал тим од 14 експерти, преведувачи и историчари кои имаат задача да проверат бескрајна база на податоци со цел да бидат сигурни дека името кое го одбрале не постои никаде на друго место.

Тие во обѕир ги земаат културните одлики и националноста на родителите и мора да бидат сигурни дека името нема двојно значење или негативна конотација на 12 најпопуларни светски јазици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This