ХИТ: ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ЦРВЕНИТЕ ЧЕВЛИ НА ПАПАТА!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се сеќавате ли на фамозните и интересни црвени чевли на папата Бенедикт? Црвената боја во минатото во Италија, симболизирала дека сте значајна личност, па аристократите често ставале аксесоари во црвена боја.

Бенедикт XVI е поранешен папа на Римокатоличката црква. Јозеф Рацингер е роден на 18 април 1927 година во германската покраина Баварија. Свештеник станал во 1951 година, а во 1977 година е именуван за архиепископ (надбискуп) на Минхен.

Папата Бенедикт, во спротивно со верувањето на многу луѓе сепак не го зел името Јован Павле III, туку се одлучил за Бенедикт. Тој го започнал своето владение како папа на 19 април 2004. На 12 септември 2006 година во текот на едно свое предавање во Германија цитирал остра критика на исламот и на пророкот Мухамед напишана во 14 век од византискиот цар Мануил II Палеолог.
Во историјата чевлите на папата биле симбол за нешто величествено и големо, па некогаш верниците дури ги бакнувале, како што денес се прави со прстенот на папата.

Од сите папи во историјата папата Бенедикт обрнуваше најголемо внимание на своите црвени чевли. Тие беа впечатливи и црвени, а од еден магазин беа дури прогласени за „моден додаток на годината“ во 2007.

Во 1981 година Бенедигт е поставен за раководител на влијателната Конгрегација за верска доктрина, која реформските кругови во Католичката црква ја оценуваат како наследник на Светата инквизиција.

Рацингер, кого го нарекуваа „панцер кардинал“ и „божји ротвајлер“ бил противник на идеите за жени-свештеници, на хом осе кс уалноста, на употребата на контрaцепција и на комунизмот. Тој бил еден од противниците на зачленувањето на муслиманската Турција во ЕУ.

Контарверзниот дел од неговата биографија го опфаќа период на Втората светска војна, кога Рацингер бил член на Хитле ровата младина, подмладок на Национал-социјалистичката германска работничка партија и припадник на единиците на противвоздушната одбрана на Вермахтот.

Рацингер, кој важи за припадник на конзервативното крило на Католичката црква, во октомври 2004 година изјавил дека Црквата треба да остане „подалеку од народните маси, бидејќи колку што им е поблизу, станува сè поповршна“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This