ХОВАНЧИК ЗА МИА: Може да се очекува нов голем мигрантски бран кон Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мирослав Хованчик, експерт во Одделот за анализа на ризик и статистика во Министерството за внатрешни работи на Словачка, во интервју за МИА вели дека може да се очекува нов голем мигрантски бран кон Европа, но не само од воените зони на Блискиот Исток, туку и од Западна Африка, каде што луѓето таму се соочуваат со последиците од глобалното затоплување. Посочува и дека освен западнобалканската, се отвораат и други мигрантски маршрути. Тој во интервјуто за МИА истакнува дека земјите од ЕУ немаат единствен систем за азил, посочувајќи ги големите разлики во политиките во поглед на нерегуларната миграција во Германија и во Унгарија. Западнобалканските земји, вклучувајќи ја и Македонија, пред две и пол години беа зафатени од огромен мигрантски бран во кој над еден милион луѓе ја преминаа македонската граница и се упатија кон Западна Европа. Иако официјално западнобалканската маршрута е затворена, сепак преку шверцерски канали секојдневно стотици мигранти ја преминуваат македонската граница. Какви се безбедносните ризици кон земјите од овие илегални преминувања и кои мерки се преземаат?

Во Македонија огромна бројка луѓе ја преминаа вашата граница. Во Словачка имавме сосема поинаква ситуација во однос на транзитните движења. Претпоставувам дека вашата погранична полиција има некој систем за да ги интервјуира овие мигранти. Македонската погранична полиција исто така треба да има единица за анализирање ризици, која ќе располага со податоци што понатаму ќе им користат на носителите на одлуки. За разлика од останатите земји од ЕУ, Словачка не е дестинација каде што мигрантите посакуваат да останат, а бројките на оние што остануваат не се толку големи. Разменуваме разузнавачки податоци со Германија, Полска и со Чешка и на тој начин пресретнуваме камиони полни со мигранти. ФРОНТЕКС вели дека балканската маршрута не е затворена, но бројките преку таа маршрута сега се намалуваат, бидејќи сега се отвораат нови маршрути, и тоа преку Словенија и Црна Гора. Како е интегрирана оваа огромна бројка на луѓе во земјите од ЕУ, имајќи предвид дека во некои земји, особено во Германија и Шведска, е зголемена стапката на криминал по мигрантските приливи?

Дали европските земји имаат капацитети за нивна инклузија во општеството? Ова е многу широко прашање и има повеќе аспекти. Тоа во голем дел зависи и од тоа какви мигранти доаѓаат во овие земји, поточно во Германија и во Шведска. Секако постои голем ризик во поглед на безбедноста за овие земји, поточно за раст на криминалот. Германија, според мене, во моментов има голем проблем со системот за барање азил. Од моја гледна точка, Германија има т.н. „мека“ политика за добивање азил, бидејќи има доста простор од првото поднесување на апликацијата, па до регистрација и сѐ до конечната одлука за добивање азил. Во меѓувреме, мигрантот за тоа време е слободен да се движи во шенген-зоната, така што постои висок ризик за безбедноста во самата земја. Враќањето на мигрантите назад во нивните земји е уште еден предизвик за западноевропските земји, кои не успеваат во таа политика и не ги враќаат мигрантите на кои не им е даден азил во нивните матични земји. Колкав е ризикот да се повтори ситуацијата од пред две години на огромен бегалски прилив, имајќи ја предвид кревката ситуација во Сирија и на Блискиот Исток?

Дали регионот е подготвен за тоа, имајќи предвид дека Македонија и Албанија отфрлија можност за градење бегалски кампови на нивни територии? Ризикот секако постои. Можеме да очекуваме големи приливи на мигранти, но не само од воените зони, бидејќи во Сирија ситуацијата за нијанса почнува да се стабилизира. Може да се случи и големи бројки мигранти да се упатат кон Европа пред сѐ и поради глобалното затоплување во трети земји, на пример од Западна Африка и Азија, бидејќи сега голем дел мигранти што влегуваат во Западна Европа се токму од Западна Африка од регионот на Сахара. Така што можеме да очекуваме уште еден голем бран, но не сум сигурен дека овој пат тој ќе биде преку западнобалканската маршрута. Друг ризик е и економската ситуација во Русија. Таму голем број луѓе од Азија се економски мигранти, како што се од Виетнам, Пакистан и Индија и, ако економската ситуација во Русија почне да слабее или, пак, да се зголеми невработеноста, можеме да очекуваме уште еден мигрантски бран, со што во тој случај притисокот би бил врз источниот дел од шенген-зоната. Словачка има проблем со илегалната имиграција од Украина, во поглед на виетнамските имигранти што оттаму се упатуваат кон Источна Европа. Кои мерки се клучни во спречување и менаџирање на илегалната имиграција? Дали споделувате искуства со земјите од регионот, вклучително и со македонските колеги¬? Споделувањето информации е најважното нешто во справувањето со илегалната имиграција. Пак ќе повторам, доколку немавме споделено разузнавачки информации со Германија, немаше да можеме да пресретнеме камиони со мигранти на територија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This