April 18, 2024, 10:04 am

ХОЛАНДИЈА СЕ ЗAKAНИ СО ЗАТВОPАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ: Мигpантската kpиза ја натера Холандија да воведе гранична koнтрола!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Холандија, Марк Рут се закани дека ќе ги затвори границите со Источна Европа доколку земјите членки на унијата од тој регион не ппифатат поголем број на бегалци.

Во интервју за холандската телевизија НОС, Рут изјави дека земјите потписнички на шенгенската спогодба за слободно движење имаат и обврски, а не само привилегии и мораат да ги преземат одговорностите кои им ги носи спогодбата.

„Неприфатливо е само неколку земји да прифатат бегалци. Тоа што ние, како западноевропска земја можеме да го сториме е повторно да воведеме гранична контрола кон источноевропските земји“, изјави Рут.

Како пример Рута ја наведе Унгарија, која воопшто не им помага на барателите на азил, дури ни кога тие не сакаат да останат таму туку само транзитираат до крајната дестинација.

Во Унгарија во моментот на цила е забрана за укажување помош на баратели на азил, кои поради тоа завршуваат во т.н. „ничија земја“ на меѓуграничните простори каде ниту џуманитарните организации немаат ппистап.

Рут веќе разговарал за својот план со францускиот претседател, а планира средба и со германската канцеларка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This