Холивудски спектакл: Актерот Том Хенкс ќе биде водител на инаугурацијата на Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во специјалното шоу, кое ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џстин Тимберлејк и Ент Клемонс, објави Ројтерс. Бајден и потпретседателот Камала Харис ќе положат свечена заклетва тој ден и ќе одржат воведен говор на церемонијата.

Програмата ќе се емитува на CBS, ABC, CNN, NBC, MSNBC и ќе се емитува на YouTube, Facebook, Twitter и некои други онлајн платформи.

Програмата беше замислена и како „омаж на хероите“ во изминатата година од борбата против пандемијата на вирусот корона.

Во 2009 година, Арета Френклин пееше на првата инаугурација на Барак Обама. Во тоа време настапија и Брус Спрингстин, Шакира, Стиви Вондер и У2.

На втората инаугурација на Обама, пееше Бијонсе.

На својата инаугурација во 2017 година, Доналд Трамп мораше да се задоволи со музичари од „втора и трета класа“, бидејќи светот на шоу-бизнисот не покажа интерес да го поддржи.

FacebookTwitterCopy Link

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This