ХОРОР ВО УЧИЛИШТАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Девет годишен ученик сакал да се самоуибе поради навредите од наставникот – педагози ги нарекуваат децата „лигавеши“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистински хорор се случува во образовните институции низ државата, а скандали ги тресат училиштата, но и градинките каде во последните шест месеци беа пријавени низа на скандали во кои жтрви секогаш беа најмалите


На социјалните мрежи постојано се објавуваат лични стории на граѓани кои имаат проблем со наставниците или раководните кадри во образовните институции, но тоа немаат каде да го пријават, односно, наидуваат на ѕид кога се обидуваат да контактираат со надлежните власти.

Еден родител на социјалните мрежи се жали дека поради расправија со родител, наставнико решил својот гнев да го истури врз неговото дете, на тој начин што го омаловажувал, навредувал и пцуел пред другите ученици.

Она што ја прави ситуацијата уште посериозна е фактот што детето, кое според пишувањето на родителот, е само девет години пројавило самоубиствени тендеции. За ова, се уште нема никаква реакција од надлежните иако помош била побарана.

Во одделна случка пак, во улилиште во Струмица, родител се жали дека надлежните наместо да помогнат да се спречи насилството кое врз детето го вршел друг ученик, добил закани, врескање и навреди од педагогот, кој објаснувал дека ќе ги тужи родителите бидејќи барале заштита за сопственото дете.

„Кога виде педагогот дека го однесов тоа дете, педагогот почна на цел глас да ми вика како сум смеела да го вадам детето од час, ќе сум добила тужба, сум била некултурна, не сум била добра мајка на моето дете, тие не бие ангели чувари за да го пазат моето дете…А наставничката почна да го навредува моето дете дека е „лигавеш“, невоспитан. Јас сум многу разочарана, не знам каде да се обратам. “ – пишува мајката на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од повредите на нејзиниот син.

Одговорност не превземаат ниту Министерството за образование, ниту пак министерството за труд и социјална политика. Од општините, нашите повици ги упатија кон раководителите на училиштата, кои наместо одговори нудат тужби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This