April 26, 2024, 11:25 pm

Хороскоп за 2020

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН
Не плашете се да направите чеко наназад иако вие сте водачот а другите се потпираат на вас. Сега би можеле да им оставите на другите да го преземат водството, а вие малку да се одморите. Така ќе можете да учите и растете и да погледнете од поинаква перспектива.

БИК
Пронајдете заеднички јазик. Иако е супер да знаете што сакате и да ја преземете контролата врз сопствената судбина, не смеете да заборавите на важноста на компромисот. Често кога некој не се согласува со вас се борите за себе и да ги убедите другите во вашето гледиште. Олабавете, секогаш постои средина.

БЛИЗНАЦИ
Пронајдете извор на стабилност. Секој ден е приказна за себе, особено за вас. Лесно се ви досадува, а располоението често ви се менува. Вие сте прилагодливи, но тоа не значи дека не треба да си пронајдете извор на стабилност во животот. И уживајте малку повеќе.

РАК
Сите емоции се добри. ОК? Ова мора да го сфатите, бидејќи своите емоции ги проживувате многу тешко затоа што ги сфаќате премногу сериозно. За вас ако е лошо тогаш е супер-лошо, ако е добро тогаш е супер-добро. Баланс, се е во ред, светот нема да пропадне.

ЛАВ
Обидете се, ако е тоа некако можно, така одоколу да прифатите дека не е воможно на сите да им се допаѓате. Да, знаеме дека сакате аплаузи, ама понекогаш аплаузи нема. Ништо страшно – секогаш можете да си аплаудирате самите себеси, нели?

ДЕВИЦА
Олабавете со очекувањата од себе и од другите. Поради ситните детали станувате слепи за широката слика на животот. Ако вие работите напорно не значи дека и другите го сакаат истото. Затоа, не се разочарувајте, не с сите скроени по иста мерка.

ВАГА
Најдете ја хармонијата. Точно, ова се такви времиња, нештата секогаш можат да тргнат на лошо, ама не мора да значи дека ќе биде така. Вие најдете си сигурно прибежиште од каде ќе се полните со енергија. Но не заборавете дека и вие треба да пружите добра енергија.

СКОРПИЈА
Ќе научите и еднаш да се прилагодувате? (Не.) Океј, барем обидете се да бидете малку пофлексибилни годинава. Знаеме дека сте упорни, ама ако не сте флексибилни попусто ќе потрошите енергија (особено ако наидете на друг тврд камен, некоја друга Скорпија).

СТРЕЛЕЦ
Имајте трпение. За добрите работи треба време. Кога ќе випадне на ум следната одлична идеја, не брзајте, прво размислете,обидете се да испланирате, вдишете длабоко – па потоа се останато.

ЈАРЕЦ
Бидете благодарни на она што го имате. Иако веројатно уште од денес сте почнале да работите, олабавете малку. Човек од време на време треба да застане и да размисли то направил и каде треба да оди.

ВОДОЛИЈА
Сакате да го минувате времето со пријателите и саканите, а често сте им голема поддршка. Годинава обидете се да си бидете пријател и себеси. Работете малку и за своја сметка.

РИБИ
Стварноста знае да биде зна никаде. Но затоа вие си имате фантазија. Годинава искористете го вашиот уметнички и романтичен сензибилитет и почнете да се занимавате со некаква уметност. Ако ништо друго, за своја душа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This