April 24, 2024, 11:27 pm

Хоспитализиpан Вселенскиот патријарх во болница во Вашингтон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вселенскиот патријарх Вартоломеј е примен во болница за „медицинско набљудување“ во Вашингтон, откако се почувствувал лошо.

Вартоломеј се почуствувал лошо денеска непосредно пред да замине на служба во катедралата „Света Софија“, поради долгиот лет и напорниот распоред на настани кои следеле по неговото пристигнување во САД.

Неговиот лекар го советувал да се одмори, а од превентивни причини бил пренесен во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“.

Вселенскиот патријарх пристигна во Вашингтон синоќа и беше срдечно пречекан од членовите на грчко-американската заедница и црковни претставници, што е негова прва посета од 2009 година. Неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус“.

Предвидено е Вартоломеј да се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This