ХОЈТ ЈИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Заменикот на помошникот на државниот секретар на САД си даде оставка и доаѓа на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брајан Хојт Ји поднел оставка од позицијата заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, потврдиле од Стејт департментот за „Ал Џезира“.

Во одговорот се наведува дека Хојт Ји ги информирал своите колеги во Министерството за надворешни работи на САД за напуштањето на неговата сегашна должност.

Тој оваа позиција ја презема во 2013 година.

Неофицијално, како негов наследник се споменува поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, Џонатан Мур.

Колку за потсетување, веќе подолго време медиумите од регионот шпекулираа дека американскиот официјален претставник ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во Македонија, но според најновите информации, тој би застанал на чело на американската амбасада во Сараево.

Во своето најново обраќање до јавноста, преку интервју во црногорскиот весник „Вијести“, Хојт Ји истакна дека САД и во 2018 планираат да останат активно вклучени во случувањата на Балканот.

Денеска пак, белградски весник „Блиц“ објави дека американскиот дипломат ќе биде назначен за нов амбасадор на САД во БиХ, а не во Македонија, како што претходно е најавено од Стејт департментот, пишува весникот „Блиц“, повикувајќи се на неофицијални информации.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This