ХОЏАЈ ОТКРИВА СКАНДАЛ: Заев договарал ,,Пакт против Србија“ со Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изјави за загребскиот “Вечерен лист” дека во ” Хрватска, Македонија и Црна Гора разговарал за основање на пакт против Србија“ , пренесува РТС.

Вечерњи лист , во опширниот текст, во резимето на случувањата почнувајќи од неуспешниот обид на приштинските власти да влезат во Интерпол и нивните одлуки да, како што кажуваат,, го возвртат ударот и воведуваат такси од 100 % на стоката од централна Србија, како и апсењето на четворица Срби во северниот дел на Косово, наведува дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај бил јасен кога рекол дека српскиот претседател Александар Вучиќ не разбира никој друг јазик освен јазикот на сила и уверен е дека единствено само со сила може да се присили да го признае Косово”.

Се наведува дека со ставот на Харадинај се согласува и неговиот заменик Енвер Хоџај, кој смета дека Србија е фактор за дестабилизација во регионот.

“Србија продолжува со агр есивна кампања против Косово на меѓународен план.Таа исто така го минира процесот за нормализирање на односите. За да го заштите сопствениет интереси Владата на Косово одлучи да ги зголеми таксите. Новите мерки наскоро ќе бидат објавени, изјавил Хоџај за Вечерњи лист.

Тој изнел и тврдење дека Србија не сака да го дестабилизира само Косово туку и целиот регион.

“То им е јасно на сите. Кога не предизвикува криза во Косово тогаш предизвикува во Хрватска, или пак во Македонија или со Црна Гора. Србија има само добри односи со Република Српска и со никој друг. Зарем тоа не е малку чудно? Во неколку наврати , за време на престојот во Хрватска, Македонија и Црна Гора, разговарав со челниците на тие држави да основаме еден пакт кој ќе се спротивстави на Србија и нивната агр есивна политика“, изјави Хоџај.

Тој наведува дека идејата за голема Србија не е умрена и дека сеуште виси во воздух.

“ЕУ и САД мора да сватат во која насока оди Балканот и каков ќе биде по десетина години. Посебно БиХ, Косово и Македонија. Ако ЕУ и Запад не ја сватат опасноста од српската полиција во тој дел на Балканот и ништо не превземат околу забрзување на процесот на евроинтеграција на тие земји, никој не знае што може да се случи со Косово, Македонија, а најмногу со БиХ”, тврди Хоџај.

Тој додава дека “нажалост, ЕУ погрешно ја чита ситуацијата”.

“Србија никогаш не се откажа од идејата да ја припои Република Српска кон Србија. За разлика од БиХ, Косово е во подобра состојба бидејќи 90 % од населението во Косово се албанци. Иаме алтернатива бидејќи наша соседна земја ни е Албанија. Ако некој мисли да игра валкана игра мора да знае дека ние веќе не сме слаби. Тоа што Вучиќ игра околу размена на територии и разграничувања , неговата цел не е Косово, туку БИХ, односно Република Српска”, изјави Хоџај.

“Република Српска два три пати е поголема од Косово и е поразвиена од Косово.На северот на Косова живеат 30.000 Срби, на целата територија на Косово нема повеќе од 70.000 Срби, а во Република Српска живеат некаде околу милион и пол или два милиона. Тие сакаат да ја припојат кон Србија, затоа треба сите да бидеме внимателни и да соработуваме заедно“ додава Хоџај, објавува РТС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This