April 24, 2024, 10:08 am

ХОЏА: Или нови министри или гласање за доверба на владата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа вели дека разговорите помеѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и останатите политички партии кои ја сочинуваат Владата ги продолжуваат разговорите во врска со најавената pеконструкција, односно смена на функционери и министри.

Очекува разговорите да завршат наредните денови по што, како што рече, ќе се знае нивната одлука.

-Консултатциите и разговорите за евентуална владина pеконструкција продолжуваат меѓу политичките партии. Тие веќе комуницираат со медиумите и јавноста веќе е информирана до каде е процедурата до каде се преговорите за смени во првиот, вториот третиот ешалон во Владата. Засега официјално нема одлука за која може да биде информирана јавноста. Очекуваме овие денови да завршат преговорите меѓу политичките партии што ја сочинуваат коалиција и дали како предлог ќе биде поднесен до Собранието, рече на денешната редовна прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Додаде дека нивната одлука е последна и тие ќе кажат дали до Собранието ќе поднесат предлог за смени во Владата или дали, како што рече, ако евентуално нема предлог до Собранието ќе има гласање за доверба за Владата. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This