ХОЏА ЌЕ СЕДИ ДОМА, И ЌЕ ЗЕМА ПЛАТА: Владата потврди дека командант Хоџа нема да оди на работа, туку ќе добива плата за седење дома!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот надворешен советник на премиерот Заев, Џезаир Шаќири, алиас Командант Хоџа, нема секој ден да се појавува на работа а ќе зема 36.000 денари плата, потврдува во изјава за Лидер, портпаролот на владата Миле Бошњаковски.

-Надворешни соработници се лица со договор од времен карактер избрани директно од Премиерот и кои имаат обврски во рамките на одредени активности за кои нема потреба од дневни работно процеси. Џезаир Шаќири е во категорија Надворешен соработник. – вели во изјава за Лидер портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Бошњаковски додава дека треба да се прави работа помеѓу советник и надворешен советник, затоа што првите имаат обврска секој ден да доаѓаат на работа.

Шаќири, кој е познат како командант Хоџа, по информациите и реакциите викендов дека е назначен за советник за безбедност, на својот Фејсбук профил напиша дека „ја добил функцијата за да преживее“.

– Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене- напиша Шаќири на Фејсбук.

И премиерот Зоран Заев одговори на гневот на јавноста за поставувањето на командант Хоџа за негов советник. Според него, поставувањето на Хоџа е во духот на концептот едно општество за сите.

Тој е еден од граѓаните кои се приклучи на опозицијата кога немаше потреба некој нешто да ослободи, зошто немаше вооружени сили во Танушевци, одговори премиерот Зоран Заев за ангажанот на Џезаир Шаќири за соработник за безбедност.

-Во духот на концептот едно општество за сите, не ги делам граѓаните и верувам дека секој може да помогне. Работи за плата со која верувам ќе може да го гледа неговото семејство. Жалам што се задоцни со одговорите за ова прашање. Јас сум човек кој нема предрасуди. Верувам дека човекот може да помогне ако се појават одредени екстремистички и радикални групи на територијата каде живее. Тој го познава теренот, а живее и во Скопје – одговори Заев.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This