ХРАНЛИВ Е И ЛЕСНО СЕ ПРАВИ: Омилениот сок на Ноле и Јелена стана вистински хит на Инстаграм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сокот од целер е одличен извор на антиоксиданси, кои влијаат врз подобар изглед на кожата и ја спречуваат прераната појава на брчки.
Сокот од целер овие денови е многу популарен на Инстаграм, а за тоа придонесе Новак Ѓоковиќ. Се работи за пијалак кој е многу здрав, а Ноле и Јелена често го пијат наместо кафе наутро.

Овој сок ја гасне жедта, а ако ви е преинтензивен можете да го разредите со вода. Исто така, ја намалува подуеноста и помага при исфрлање на вишокот течности од телото.

Сокот од целер е одличен извор на антиоксиданси, кои влијаат врз подобар изглед на кожата и ја спречуваат прераната појава на брчки. Богат е со магнезиум и нитрати кои ја подобруваат циркулацијата, а севкупно има еден грам шеќер. Калориската вредност е многу ниска. Доволно е само една шолја сецкан целер за да направите една доза од сокот.

Саканата количина исецкајте ја и ставете ја во блендер. Пијте го процеден од пулпата. Вкусот е неодреден, нешто меѓу слатко и солено. Ако сакате да внесете повеќе растителни влакна, Ноле препорачува да го консумирате целерот наместо грицки за ужина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This