ХРВАТИТЕ БЕСНИ: Драги туристи, не возете се по нашите автопати и не хранете ги нашите „крадци“-еве ви бесплатни патишта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денеска поскапуваат патарините во Хрватска.

 

Од денес возењето по и онака скапите хрватски автопатишта станува уште поскапо.

Регионалните медиуми прилично негативно ја дочекаа оваа вест, а хрватски Индекс отиде и чекор понатаму-ги советува туристите да не одат по скапите автопатишта и нудат бесплатна алтернатива.

„Во земја како што е Хрватска на која туризмот и е најважна економска гранка, покачувањето на цените на автопатиштата има два ефекти: хранење на „крадците“ кои живеат на грбот на даночните обврзници и одбивање на туристите кои, за разлика од „крадците“ , навистина и допринесуваат на цела држава“, пишува Индекс.

Наведуваат дека цените станале толку безобразно високи да на поедини места се поскапи од цената на годишните винетки во некои европски земји.

Споредуваат дека европските земји препознаваат потенцијал кој донесува брза и ефикасна циркулација, па согласно тоа ги прилагодиле и цените на своите автопатишта. Во Романија годишната винетка изнесува 28 евра. Во Швајцарија, земја која е се само не евтина, цела година може да се возите по автопатишта од 37,42 евра.

Во Бугарија цената на годишно возење низ целата земја изнесува 50 евра, баш како и во Словачка.

За споредба, цената на возење од Загреб до Сплит изнесува 26,81 евро. Тоа значи дека возење од Загреб до Сплит и обратно ќе ги чини Хрватите колку што Бугарите и Словаците ги чини возење по сите автопатишта, низ целата земја, во текот на целата година.

Во Чешка годишната винетка изнесува 55,51 евро, додека годишна винетка во Австрија чини 86,40 евра.

Освен тоа, не е занемарлива ни потрошувачката на гориво кое е значајно поголема на автопатиштата.

Порталот направи листа патишта по кои може да се избегнат изгор патарините, а истакнуваат дека покрај тоа, туристите може да ги запознаат природните убавини на Хрватска.

Алтернативните рути и природни убавини на Хрватска, може да ги погледнете овде.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This