Хрватите даваат плати од 1.300 евра: Eве што бараат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Македонија им доаѓаат пица мајстори кои овде имале плата од 300 евра, а таму заработуваат 1300 евра.

Во топ професии кои се бараат се помошник работник, готвач, тесар, ѕидар, монтер, заварувач, возач на теренско возило, работник за преработка на риба и слично.

На кафулињата и дуќаните има огласи, се бараат работници.

Но, се бараат и дрвосечачи, заварувачи, бравари, софтверски инженери. Од Србија им доаѓаат помошници готвачи кои добиваат плата од 1000 евра.

Тие во својата земја дале отказ, за да работат во Хрватска. За оние кои сакаат да работат, работа има.

Според последните податоци, се повеќе и повеќе работници од Србија одат кон Хрватска поради подобра работа, односно повисоки плати.

Месечно, работејќи на Јадранот, заработувам и до 2000 евра со сместување и храна“, наведе еден сезонски работник.

Хрватските работодавци не можат да пронајдат доволно работници во својата земја, па бараат по соседните држави. Се повеќе и повеќе се во потрага за нова работна сила, пишува сајтот Klikdoposla.com и наведува како сезонските работници се повеќе се осврнуваат кон Хрватска, а се помалку и помалку кон Грција и Црна Гора.

Најбараните занимања се оние од угостителството, а тука спаѓаат, конобари, собарки, кувари, шанкери, чистачи, и останат персонал… А, како што наведуваат, платата е сјајна.

Најдобро плаќаат малите ресторани, а најдобри услови за работа се во хотелите со 4 и 5 ѕвездички.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This