ХРВАТИТЕ И АЛБАНЦИТЕ БИЛЕ „БРАЌА ПО ОРУЖЈЕ“: Шокантната изјава на Колинда за односот на Албанците и Хрватите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, уште еднаш ја шокираше јавноста. Во албанскиот парламент, таа рече дека Албанците биле буквално хрватски браќа по оружје.

Како што пренесува хрватскиот весник “Вечерњи лист”, Грабар Китаровиќ, во говорот пред албанските пратеници во Тирана изјавила дека Хрватска силно ја поддржува европската интеграција на Албанија и го поздравува напредокот што земјата веќе го има постигнато во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ.

“Како земја на енргични, вредни млади луѓе, Албанија има одлична перспектива”, рече таа за време на вториот ден од официјалната посета на Тирана, каде што се состана со претседателот на Собранието Гранит Руциј.

Таа, исто така, ја искористи можноста да и честита на албанската страна за одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година, таа рече дека Хрватска ќе продолжи да го поддржува процесот на европска интеграција на Албанија, пренесување на своето знаење и искуство стекнато во својот европски пат.

“Треба да продолжиме да работиме заедно за да воспоставиме уште подобра соработка. Како земја со исклучителни позиција геостратегиски, Албанија ќе има важна улога во Југоисточна Европа. Хрватска се надева на понатамошно зајакнување на своите стратешки односи со Албанија “, рече Грабар Китаровиќ.

Во својот говор, таа исто така се осврна и на “трајното и неразделно пријателство” меѓу двете земји и улогата на албанското национално малцинство во хрватското општество. “Албанија беше наш пријател кога ни беше потребна”, рече таа и потсети дека многу Албанци се бореа во војната во Хрватска. “Бевме буквално браќа по оружје, пред да се здружиме во НАТО во 2009 година. Многу Албанци го жртвуваа својот живот за Хрватска. Верувајте ми – Хрватска нема да го заборави тоа “, рече Грабар Китаровиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This