Хрватска бара голем број работници во туризмот – пријавете се

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водечкиот портал за вработување во Хрватска, MojPosao.net, организира онлајн Саем за вработување во туризмот каде што и македонските работници кои бараат сезонска работа во Хрватска ќе можат да аплицираат.

Саемот е достапен преку компјутер и сите мобилни уреди, 24 часа на ден, за период од 8 дена (20. – 27. февруари) на линкот: http://mojposaouturizmu.net/.

Бидејќи станува збор за виртуелен саем, аплицирањето за работа и целата комуникација со вашиот потенцијален работодавач можете да ги направите директно од вашиот дом.

Очекувајте голем број огласи за вработување во познати и успешни хотели, туристички агенции, казина, ресторани, барови и други туристички објекти. Во однос на профилот на работници, побарувачката е разновидна: од келнери и менаџери на ресторани до референти за набавка.

На секој од виртуелните штандови на изложувачите/компаниите ќе може да ги пронајдете сите потребни информации за работните услови, фотографии од работното окружување, успешни приказни од сегашните вработени, можности за доедукација и други важни информации, додека пак, онлајн четот ви овозможува да разговарате со вашиот работодавач и да му ги поставите ситедополнителни прашања коишто ве интересираат.

Искористете ја оваа можност и пронајдете работа во Хрватска – http://mojposaouturizmu.net/.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This