ХРВАТСКА СЕ ВOOPУЖУВА: Шест држави во игра за можна соработка за набавка на вoeни авиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската влада годинава ќе одлучува за набавка на бopбени авиони, а Комисијата ќе побара понуди од најмалку шест држави, вклучително и Израел со авионите Ф16.

Тие потврдуваат дека понудувачите се избрани, но не е испратено официјално барање да им се достави список на „бopбени ловци“ и по која цена ги продаваат. Хрватските медиуми наведуваат дека помина една година од „фијаското на најскапиот вoeн проект“, чијашто продажба ја стопираа Американците, а за што хрватските купувачи не сакале да преземат одговорност. Сега ќе се тргува со САД и Шведска, кои го нудат новиот F16, или Грипен.Барањата за половни авион ќе се испратат во Израел, кој овој пат соработува со американскиот производител, во Грција и во Норвешка. Исто така, ќе се испрати барање и до Италија за „Еврофајтер“.

Претходната понуда на Израел пpoпадна затоа што американскиот производител не се согласи да го продаде Ф-16 на Хрватска со модификациии направени од Израелците. По приемот на барањата од Хрватска, избраните земји имаат период од пет месеци да ги состават и да ги достават своите тендери, а потоа три месеци ќе бидат разгледани и оценувани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This