ХРВАТСКО ОРУЖЈЕ ВО РАЦЕТЕ НА ИСИС: Од каде терористите на ИСИС во Сирија и Ирак имаат хрватски автоматски пушки?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судејќи по фотографиите кои пред два дена се објавени на социјалната мрежа Твитер, а за кои се тврди дека се снимени во последните пет недли на подрачјето на јужен Ирак, северен Багдад и Мосул, терористите на ИСИС користат најнов модел на автоматската пушка ВХС-К2 која ја произведува „ХС Продукт“ од Карловац, Хрватска

hs_teroristi

На фотографиите кои ги објави италијанскиот репортер, се гледаат новите модели на јуришната пушка која испалува 800 куршуми во минута, а користи муниција од калибар 5.56мм во склад со НАТО стандардите, објави порталот „Индекс.хр“.

Иако таа информација ги зачуди дури и добрите познавачи на состојбите во светот на тргоијата со оружје, директорот на „ХС Продукт“ Жељко Павлин во тоа не гледа ништо спорно, наведува порталот.

„Невозможно е да стануа збор за големи количини, најверојатно се работи за поединечни парчиња оружје кои се запленети во борбите. Ние таа пушка ја проеизведуваме две години и легално ја продаваме на Блискиот исток, на пазарите на кои за тоа нема никаква препрека“, вели Павлин за „Индекс“ и потврдува дека таква договор е реализиран со владата на Ирак.

Судејќи по информациите, а делумно веќе и се шпекулираше за тоа, се работи за хрватско оружје кое примарно беше наменето за припадниците на Пешмергата, воена организација во ирачкиот Курдистан која војува против џихадистите на ИСИС.

Инаку, во јавноста до сега беше позната само информацијата за т.н. Јордански контингент, односно трговија со оружје помеѓу Хрватска и Хордан на крајот на 2012 година, односно почетокот на 2013 година, потестува „Индекс“.

hs_teroristi

hs_teroristi3

hs_teroristi2

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This