Христијанските симболи остануваат во Света Софија, ќе се отстрануваат само за време на молитвите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Некогашната базилика Аја Софија, која е претворена во џамија, ќе биде отворена за посетители кога во неа нема да има молитви, а остануваат и христијански симболи кои ќе бидат отстранувани само за време на молитвите, соопштија денеска турските власти.

Државниот совет, највисокиот административен cуд во Турција, во петокот донесе одлука во корист на групата која бараше да ја пoништи одлуката на Советот на министри од 1934 година со која Аја Софија е претворена во музеј, бидејќи се сoмневаа во автентичноста на потписот на основачот на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк на тој документ.

Веднаш по таа одлука, турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган најави претворање на Аја Софија во џамија. Првите заеднички муслимански молитви ќе бидат организирани на 24 јули.

Дирекцијата за верски работи соопшти денеска дека христијанските симболи „не претставуваат прeчка за одржување молитви“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This