Христијан Мицкоски го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците на сите припадници на Бошњачката заедница, со искрени и срдечни желби за многу здравје, долг живот и благосостојба, ова денеска преку честитка го испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Бошњачката заедница е составен дел од Македонија со децении, Бошњаците се лојални граѓани на нашата држава, кои творат, работат и создаваат, и во општеството се познати како чесни и честити луѓе. Бошњачката традиција и култура се вкоренети во општеството и се дел од изградениот систем на почит и меѓусебно разбирање меѓу заедниците, по кои Македонија е позната со векови. Бошњаците исто како и Македонците, и сите други граѓани на Македонија денес се обременети од тешкотиите кои ги создава власта, лошата клима во општеството, нетолеранцијата која со секој чекор сакаат да ја поттикнат, загушеноста на бизнис секторот, и притисокот на власта врз буквално секој дел од општеството. Сите заедници во Македонија имаат исти проблеми, исти потреби, и за нив се потребни исти решение. Кои власта не сака да ги види, ниту да ги спроведе, затоа што истата ја перцепира моќта низ призмата на сопствено богатење, додека народот осиромашува, додава во неговата честитка Мицкоски.

Тој вели и дека на лошиот амбиент во општеството мора да му се стави крај. Македонија мора повторно да биде земја на среќни граѓани. Уште еднаш ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците, со искрени желби за подобро утре.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This