ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ Е НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АД ЕЛЕМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надзорниот одбор на АД Електрани на Македонија во државна сопственост за нов претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ го именува д-р Христијан Мицкоски, професор на Машинскиот факултет при УКИМ и советник за енергетика на претседателот на Владата на  Република Македонија.

hristijan

Мицкоски  е автор на преку 100 научни трудови  и е добитник на повеќе  меѓународни  награди и признанија за иновации .  Партиципирал во изработка на редица меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.

-АД Електрани  на Македонија му се заблагодарува на  м-р Дејан Бошковски  на кој му заврши четиригодишниот мандат како претседател на УО и генерален директор на АД ЕЛЕМ. Под негово водство беа реализирани редица значајни инвестициски зафати.  Изграден и пуштен во работа е Паркот на ветерни електрани Богданци,  а заокружена е и ревитализацијата на хидроелектраните-втора фаза.  Истовремено,  компанијата превзема подготвителни активности и истражни работи за изградба на нови рудници за јаглен.  Реализирани се теренски активности  поврзани со истражувањата за резервите на јаглен во Звегор-Стамер, Делчевско и кај месноста Стар Истевник, Панчерево кај Пехчево, а во тек се и истражни активности кај селото Лавци, Преспанско. Овие активности  во наредниот период ќе претставуваат платформа за отворање рудници за јаглен  и за можна изградба на нова термоелектрана во источниот дел на Македонија. Подготвена е и Фисибилити студијата која ги  предвидува најквалитетните  опции за модернизација на ТЕЦ Осломеј што  како проект е меѓу приоритетните за реализација во претстојниот период- соопштуваат од компанијата.

„Потпишан е договор за финансирање на капиталниот проект за изградба на систем за  топлификација за Битола, Могила, Новаци и Логоварди со германската КФВ Банка  и  доколку работите на терен течат според предвидената динамика  се очекува до грејната сезона 2018- 2019 година да ги добиеме првите корисници на топлинска енергија во Битола“- додаваат од компанијата. „Преку својата подружница „Енергетика“, АД ЕЛЕМ  од  јануари 2013 година почна да испорачува топлинска енергија за потрошувачите на целата територија на скопската населба Автокоманда. За таа намена, компанијата  го изгради магистралниот топловод во должина од два километри. Почната е и постапката за набавка на нова механизација за потребите на рудниците во РЕК Битола,а во тек се и инвестициски  активности  од  третата фаза од  модернизацијата на РЕК Битола кои имаат за цел намалување на емисиите на SOx и прашина со што овој капацитет до 2018 година се очекува да работи според строгите  ЕУ директиви за заштита на животната средина.  . Во изминатиот период променет е техничкиот концепт за проектите Чебрен и Галиште и Вардарска Долина со што е отворена можност за нивна реализација.  Понудени се иновативни решенија кои во иднина би претставувале цврста основа за реализација  на овие значајни енергетски  зафати“- се вели во соопштението од АД ЕЛЕМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This