ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СО ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Елате под бајрако на Афтономна Македонија! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што брифираат од партијата за „Република“ за Илинден ќе присуствува на традиоциониот народен собир во Ташмаруништа, Струшко.Таму традиционално ќе се оддржи 70-та Културна манифестација Илинден со која се чествува верскиот и државен празник на 2 Август.

На својот фејсбук профил, Мицкоски ги цитира славните Илинденци и ги повикува граѓаните да бидат обединети и силни.

„…Елате под бајрако на „Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија… Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!

Ура! За „Афтономна Македонија”!…

Вака повикуваа славните Илинденци таа 1903-та година. И еве по повеќе од едно столетие Македонија е соочена со предизвици, исто така големи, значајни. Илинденскиот завет денес е завет за сигурна, стабилна, просперитетна Македонија, признаена, интегрирана, држава на среќни граѓани. Овој стремеж денес гледаме како е напаѓан од неодговорни политичари, од политичари кои своите лични агенди и кариери ги ставаат пред интересите значајни за народот и земјата. И тоа мора да се промени. Македонија се буди, а како никогаш порано не биле потребни промени, промени кои ќе донесат надеж, кои ќе донесат сигурност и поудобен живот.

Истите оние кои денес од политичарите велат ДА, се токму оние на кои народот ќе им рече НЕ за сите погубни политики, за секое одземено достоинство, за секоја неправда и направен криминал. Не може на Македонија да и донесат Европска Унија истите оние кои на власта гледаат како мегдан за личен профит и бизнис, нема Европска Унија кога нема работа и реформи, ама има сомнителни тендери, криминал, непотизам. Не може да дозволиме лицето на Европската Унија да биде извалкано од ликови како Заев, Шеќеринска, Анѓушев оптоварени со сомненија за криминал, аболиција, хедонизам.

Свеста достоинството и честа биле водилка во борбата за слобода и самостојност, отсекогаш и засекогаш.

Затоа овој Илинден 2 август ќе бидам во Ташмаруништа Струшко, едно од многуте населени места кои гордо го кренале бајракот за слободарска Македонија, заеднички да го прославиме делото кое и денес не обврзува, не прави горди и ни говори дека борбата за подобар живот, дека борбата за Македонија продолжува и сите заедно обединети и силни ќе победиме!“

Ташмаранушта и регионот имале активна улога во Илинденското востание. Всушност и непосреден повод за почетокот на ова одбележување, и за самото основање на културната манифестација „ИЛИНДЕН“ се настаните кои се одиграле во овој регион, при што битката кај селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание, во кое учествувале четите од с. Ложани и с. Драслајца, и кои се едни најзначајните операции. Ова одбележување имаше цел толку да потсети на тие трагични моменти кога загинуваат речиси сите востаници, а селото Ташмаруништа е опожарено и опустошено. Но таа слободарска илинденска традиција продолжува и по Втората светска војна, при што едни други поколенија борци конечно успеаја да го реализираат сонот на претците.

Инаку војвода на селската чета во Ташмаруништа на ВМРО, загинува на 4 август за време на Илинденското востание, заедно со својот брат Наум за време на стража со турската војска.

Одбележувањето на 2 Август во Ташмаруништа ќе биде прославено со повеќедневни активности, каде најчесто се собираат граѓани од целиот струшко охриудски регион, како и македонски иселеници. Свое присуство најавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, а висока партиска делегација ќе присуствува и на Мечкин Камен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This