Христо Иванов: Бојко Борисов е лaтинoамepикaнcки диктaтop вo бaлкaнcкa вepзиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бојко Борисов е латиноамерикански диктатор во балканска верзија, оцени копретседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, во интервју за бугарскoто Дарик радио. Тој го посочи лидерот на ГЕРБ како најголем извор на нестабилност во Бугарија. Според Иванов, стратегијата на поранешниот премиер е „По мене потоп“, која тој ја опиша како крајно опасна за земјата.

„Постојат многу негативни сценарија  по изборите на 11 јули. Но, едно од нив, ‘спасувањето на војникот Рајан’, корумпираниот играч Борисов, станува централна политичка приказна. И целата држава ќе зависи од неговиот опстанок“, изјави Иванов додавајќи дека е убеден дека поткупениот бугарски политичар споменат анонимно при објавувањето на американските санкции – е Борисов.

„ГЕРБ е во тешка изолација поради својата токсичност. Борисов лично е најголемиот фактор за политичка нестабилност во Бугарија, користејќи ја партијата ГЕРБ како заложник. Тој е латиноамерикански диктатор во балканска верзија“, повтори Иванов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This