Хубериас: Името, идентитетот на народот па дури и јазикот се ставаат на милост и немилост на еден билатерален договор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она што во последно време се наметнува како теза во домашната јавност се тврдењата дека договорот со Грција, односно спогодбата од Преспа е конечна и никој во иднина на може да ја поништи или преиначи. Се разбира, ваквите ставови на непоништливост се главно со политички набој и во функција на одредена политичко-партиска агенда. Од друга страна, нашиот весник се обиде да го тестира прашањето за долговечноста на договорот од правна гледна точка, односно прашавме што мислат за тоа врвни светски правници и експерти, пренесува весникот Нова Македонија.

Ратификацијата на спогодбата од Преспа е веќе реалност и во македонскиот и во грчкиот парламент, иако и во двете општества (секое со свои различни причини) и понатаму е изразено незадоволството од таквата политичка ситуација. Меѓународниот фактор, кој даваше силна поддршка (за некои политички аналитичари – притисок), и понатаму го нагласува моментот дека со овој договор се надминуваат долгогодишен билатерален спор и дека претставува модел и за понатамошно решавање на други меѓународни спорови. Притоа, главно се изоставува или сосема се занемарува моментот на многубројни прекршувања на меѓународното право, како и на дерогирање на внатрешниот уставен и правен систем на државата, на што исто така предупредуваа и укажуваа голем број домашни и странски експерти. Во тој контекст на загрозеност на демократијата, во анализа на американскиот магазин „Тајм“ се изразува сомневање дека спогодбата, можеби, претставува геополитички триумф за ЕУ, но е загрижувачка за демократијата и за владеењето на правото, вредности што ЕУ тврди дека ги промовира, иако често замижува пред сомнителните методи на националните елити доколку тие носат проевропски резултати. Таквиот став за решавање на европските проблеми е самоуништувачки и кусоглед, смета Ангелос Хрисогелос, грчки истражувач од универзитетот „Харвард“.

Но она што во последно време исто така се наметнува како теза во домашната јавност се тврдењата дека договорот со Грција, односно спогодбата од Преспа е конечна и никој во иднина на може да ја поништи или преиначи. Се разбира, ваквите ставови на непоништливост се главно со политички набој и во функција на одредена политичко-партиска агенда. Нашиот весник сепак се обиде прашањето за долговечноста на договорот да го тестира од правна гледна точка, односно прашавме што мислат за тоа врвни светски правници и експерти.

Така, само за „Нова Македонија“, Карлос Флорес Хубериас, професор по уставно право од Шпанија, оценува дека „Преспанскиот договор што го потпишаа премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев на 17 јуни 2018 годинава за да се реши спорот за името на Македонија, се чини дека ќе биде од многу краток рок“.

– Како што обично се случува во овие ситуации, договорот роди ентузијазам само кај оние што го доживеаја оддалеку, додека истовремено ги разочара оние што се осмелија да ги анализираат подетално неговите клаузули – и посебно она што беше кажано меѓу редови. Претставен до самата граница на Македонија како решение на еден од најстарите и закоравени проблеми на регионот и рекламиран кон народот на РМ како клуч за посакуваниот и заслужен влез во Европската Унија и во НАТО, Преспанскиот договор е, како прво, олицетворение на едно предавство на основните начела на меѓународното право и како второ, сосема празно ветување без никакви гаранции. Во првиот случај, бидејќи значи давање право на една земја – Грција – да се меша во внатрешните прашања на друга земја – Македонија – оставајќи ги на тој начин на милост на еден билатерален договор прашањата околу името, идентитетот на народот па дури и јазикот, определби што ниедна слободна земја не би требало да дозволува да бидат одлучувани од некој однадвор, туку само од своите граѓани. Згора на тоа, Грција поседува јасна предност како член на двата гореспоменати сојузи (алијанси) при кои Македонија цели да пристапи. И второ, отстапките што сега и овде се очекуваа од Македонија ќе беа само во замена за едно нејасно ветување за почнување преговори за членство што би можеле да водат некаде или да не водат никаде, и чиј успешен заклучок на крајот на краевите не ни беше во рацете на Грција – оценува професорот Хубериас.

Од друга страна, по ратификацијата на спогодбата од Преспа во парламентите на Македонија и на Грција, потписниците и поддржувачите на договорот сѐ погласно тврдат дека договорот веќе е нераскинлив, непроменлив и засекогаш.

Од друга страна, пак, македонската опозиција тврди дека можела и (понатаму) може да постигне поповолен договор, додека грчката опозиција ветува дека кога ќе дојде на власт ќе стори сѐ за да не го спроведува договорот. Поранешниот грчки премиер Антонис Самарас тврди дека е сигурен дека во иднина „Грција ќе се ослободи од долгогодишните обврски од договорот“, поддржувајќи го ставот на лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Киријакос Мицотакис, да се започне со преговорите од почеток.

Без оглед на политичките изјави и уверувања за (не)променливост, меѓународното право сепак секогаш остава простор и за поништување, згаснување и прекин на примена на договорот.

Конкретно во петтиот дел од Виенската конвенција за договорно право, која се потпира на принципите на меѓународното право, внесени во Повелбата на Обединетите нации, се обработува и одредува токму таквата можност за поништување, згаснување и прекин на примена на договорите. Принципите на кои се повикува Виенската конвенција за договорно право се токму оние за рамноправност на народите и нивното право на самоопределување, суверена еднаквост и независност на сите држави, немешање во внатрешните работи на државите… Од членот 48 до членот 72 на конвенцијата се опишуваат условите, постапката и последиците од поништување, згаснување и прекин на примена на договорите.

Во секој случај, меѓународното право дава можност за ревизија и поништување на Преспанскиот договор, но неговата понатамошна судбина и понатаму е поврзана со политичката волја и поставеност на силите и интересите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This