ХУМАНА МАКЕДОНИЈА: Преку мобилните оператори се собрани 40.000 евра помош за Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вреќи за спиење, ќебиња монтажни кревети се дел од донациите кои Црвениот Крст на Македонија ги однесе на настраданите од силниот земјотрес во соседна Албанија.

Дополнително тие донираа и 10 илјади евра парична помош. Досега од повиците на трите мобилни оператори преку линијата 143 400 собрани се 40.000 евра, а отворена е и специјална сметка за солидарност на Црвениот крст. Од таму велат дека во моментов сите активностите треба да се концентрираат на расчистување на последиците од земјотресот. Повикаа граѓаните да донираат пари затоа што во најпогодените подрачја веќе има доволно залихи на храна и пакети облека.

Трагедијата во Албанија ги обедини и советниците на Град Скопје, тие вчераедногласно одлучија 50 илјади евра од Советот на градот да бидат издвоени за настраданите во земјотресот . Во Струга и Охрид пак, вратите на хотелите се отворија за албанските семејства кои останаа без покрив над глава. За да им излезат во пресрет на жителите од соседството од здружението на хотелиери ХОТАМ информираа дека ги намалиле цените на пакетите за ноќевања и храна за 50 % .Трет ден донации се собираат во сите градови од Македонија, а броевите и жиро сметката за донирање се се уште отворени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This