ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ НА САД ЗА ВЕНЕЦУЕЛА Е ТРОЈАНСКИ КОЊ: Венецуела не сака хуманитарна помош што ќе им внесе бoмби и кypшуми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луис Мора, претседателот на Законодавниот совет на сојузната држава Тачира во Венецуела ги демантираше тврдењата дека во Венецуела почнала да пристига хуманитарна помош од Колумбија.

Мора додава дека Венецуела се надева и очекува дека светот ќе сфати која е вистинската причина за кризата во Венецуела.

„Вистина е дека немаме храна и лекови. А немаме бидејќи не ни дозволуваат да увеземе. Не блокираат, ни ги блокираат водените патишта, ни ги блокираат и финансиските средства кои се во висина од неколку милијарди долари“, изјави Мора.

„Народот на Венецуела многу добро знае и сфаќа што се случи во Сирија и Ирак. И тогаш се зборуваше за хуманитарна помош, а тоа всушност беше „тројански коњ“ кој внесе бoмби и кypшyми“, истакнува таа.

„Владата на Венецуела е поборник за дипломатија. Не веруваме во вojна и не се надеваме на таков начин на решавање на кoнфликтoт“, нагласува Мора.

„Ние ќе продолжиме да се надеваме на политичко решение, на консензус. Многу долго народот на Венецуела се бореше за слобода, тоа ни е во крвта. Ние не очекуваме, ниту пак сакаме кoнфлиkт, ама ако дојде до тоа ни ќе се браниме“, беше категорична Мора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This