April 25, 2024, 12:11 pm

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА КОМИТИ: Приклучете се, бидете хумани, подарете приказна, облечете си среќа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој од нас има облека во својот дом која не ја користи. Таа стои во плакарите и фиоките, понекогаш во подрумите. Има вредност, можеби емотивна или материјална, но нема и употребна вредност, затоа што ви е мала или голема, не ви се вклопува во стилот и слично. Таа облека некому е и тоа како потребна, може да му го подобри животот, да му го стопли пред се срцето, но и телото во овие студени зимски денови.

Испразнете ги плакарите и фиоките, исполнете се духовно знаејќи дека она што вам не ви е потребно, некому му е и тоа како потребно. Некој нема ниту плакар ниту фиока каде да го складира, но ќе биде и тоа како благодарен !

Бидете хумани и приклучете се на Акцијата “Подари приказна – Облечи среќа”, во организација на Комити, во координација и соработка со Црвениот Крст на град Скопје и “Копче”.

Облеката можете да ја донирате во кругот на Соборниот Храм Свети Климент Охридски каде ќе има специјално поставен пункт од страна на Комити Запад, и тоа:
– Утре, Петок, 17.01.2020г. од 12:00 до 18:00ч.
– Сабота, 18.01.2020г. од 10:00 до 14:00ч.

Би ви биле Благодарни доколку вашата облека ја спакувате во кутии, заштитена од надворешни влијанија и спремна за утовар и транспорт.

Приклучете се, бидете хумани. Подарете приказна, облечете си среќа !

#ПодариПриказнаОблечиСреќа #ОдКомитиЗаНародот

Секој од нас има облека во својот дом која не ја користи. Таа стои во плакарите и фиоките, понекогаш во подрумите. Има…

Posted by Komiti Skopje on Thursday, January 16, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This