April 19, 2024, 11:13 pm

„ХУМАНИТАРЦИ“ СИЛУВААТ ЖЕНИ ВО СИРИЈА: „Хуманитарци“ барале сексуални услуги за храна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жените во Сирија се сексуално експлоатирани од мажите кои доставуваат хуманитарна помош, јави Би-Би-Си.

Мажи задолжени за распоредување помош, доставена од хуманитарни организации и ОН, експлоатираат жени во Сирија давајќи им храна во замена за секс, објави Би-Би-Си.

И покрај предупредувања од Сирија уште од пред три години, стигнуваат нови извештаи од југот на државата за неморални постапки при распоредување хуманитарна помош.

Агенции на ОН објавија дека спроведуваат политика на нулта стапка толеранција за експлоатација и дека не примиле дојави за таков вид злоставување во регионот. Но, хуманитарни активисти за Би-Би-Си изјавија дека таквиот тип експлоатација е толку раширен во Сирија, што многу жени не сакаат да пријдат до центрите за распределување помош бидејќи самото нивно доаѓање ќе се протолкува дека примиле храна во замена за продажба на телото.

– Некои хуманитарни агенции замижуваат пред таквата пракса, изјави еден хуманитарец. Тој предупредува дека локални официјални лица учествуваат во дистрибусицја на помошта во опасни подрачја во која странски активисти немаат пристап.

Во извештајот на Гласови од Сирија 2018, се вели: жени или девојки се мажат за официјални лица за краток период, со цел мажите да добијат сексуални услуги, а тие за возврат – оброци. Се истакнува дека „Жени и девојки без машка заштита, на пример вдовици и разведени жени и жени кои се раселени, посебно се цел на сексуална експлоатација“.

Таквата пракса била пријавена пред три години. Локални претставници на власта од подрачја како Дара и Кунеитра задржувале храна која им била испорачана и делеле откако ќе добиеле сексуални услуги, вели Даниела Спенсер, советник во хуманитарна група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This