April 25, 2024, 11:40 am

ХУНТАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА: Се суди граѓанин кој пријавил изборни нерегуларности!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминатите локални избори беа далеку од регуларни, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ континуирано излегуваше со обвинувања и докази за изборни нерегуларности. Изборниот криминал беше потврден и во извештајот на ОБСЕ и ОДИХР, а на нерегуларности се пожали и најголемата албанска опозициска партија која за време на изборите беше дел од владината коалиција, Алијансата за Албанците на Зијадин Села.

Имено денес на својот фејсбук профил Здравко Савевски дел од президиумот на политичката партија Левица изјави дека државата му суди на член на Левица, кој на денот на гласањето фотографирал изборни нерегуларности. Тој на својот фејсбук вели:

„Партиски војници со списоци пред избирачкото место бележат кој дошол на гласање, а кој не. Граѓанин револтиран од тоа, ги сликал и објавува за тоа на фејсбук. Полицискиот службеник кој го легитимира граѓанинот, поднесува кривична пријата против него за наводно сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци по член 149 ст. 1 од Кривичниот законик. Ова не е нешто што се случи за време на Грујо, туку за време на последните локални избори. Ова се реформите во судството за кои зборуваше СДСМ?! Ова се промените што Јово Вангеловски ги спроведува?

Коста Карев денес го судат зашто постапи онака како што треба да постапи секој одговорен граѓанинм зашто се спротистави на практиктие кои се спротивни на законите. Нека им служи на чест на реформаторите на судството!“ – вели Савевски.

Савевски во својот пост ги критикува и наводните реформи кои ги спроведува новата влада во судството. Ова не е прв случај да се води судски спорт против член на Левица, неколку членови на Левица беа притворени за време на анти-НАТО протестот кој го организираше оваа партија со што им беше одземено правото на протест. Членовите на Левица се гневни и поради двојните аршини на судството кога станува збор за нивните членови учесници во таканаречената Шарена Револуција и членовите на СДСМ. Додека за членовите на СДСМ како Павле Богоевски е донесена ослободителна пресуда за насилството на протестите на Шарената револуција, на членовите на Левица за истото дело сеуште им се суди.

Политичкиот прогон во Македонија не се спроведува само кон политичката партија Левица, ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја обвинува власта за политички реваншизам и политички прогон. ВМРО-ДПМНЕ редовно во своите соопштенија истакнува дека се врши политички прогон за неистомислениците, ослободување на прекршителите на законите, како Павле Богоевски. Најголемата опозициона политичка партија се противи на притворот и обвиненијата за тероризам за организаторите на протестите За Заедничка Македонија, пратениците и учесниците во настаните од 27 април.

Критики за притворите стигнаа и од народниот правобранител, притворот на пратениците е казна, вели народниот правобранител. Иџет Мемети обвини дека судиите ја злоупотребиле мерката притвор и ја употребиле како казна за пратениците осомничени за „крвавиот четврток“ што се случи на 27 април во Собранието. Народниот правобранител Мемети вели дека полицијата не смеела да приведе пратеници, бидејќи имале имунитет. Правните експерти во Македонија се едногласни дека Македонија станува тоталитарна држава.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This