April 20, 2024, 12:40 pm

ХУНТАТА ЌЕ СОБИРА АРАЧ, ПО ДВА ПАТИ: Двојното одданочување ќе го уништи животниот стандард на граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ не престанува да ги зголемува давачките и даноците за граѓаните. Имено, според најавите физичките лица кои остваруваат промет повисок од еден милион денари мора да плаќаат ДДВ.

Според пресметките еден милион денари на годишно ниво се околу 16.000 евра што на месечно ниво се околу 1.400 евра.

На овој начин за секој остварен приход каде е исклучен персоналниот данок на доход ќе се плаќа и ДДВ. На овој начин физичките лица се ставаат во нерамномерна положба во однос на компаниите, бидејќи ќе бидат двојно оданочени, и со персонален данок на доход и со ДДВ, анализира Економски.

Имено, голем број на експерти и универзитетски професори, не се согласуваат со оваа мерка. Универзитетскиот професор Борче Давитковски објаснува дека ова е класично двојно оданочување и дека не станува збор за никаква стопанска дејност.

Тој смета дека владата удира по хоноратите и по додатоцте на плата. Давитковски вели дека во владата најверојатно им се измешани лончињата односно дека немаат доволно информации или дека не се доволно запознаени со проблематиката.

Тој во интервјуто на телевизија Телма изјави:

-Мене основна дејност ми е професурата, но институцијата не може да ме плати заради лимитирани плати и автоматски морам преку авторски хонорар. Утре ако напишам книга, сам на себе ли ќе си давам фактура? Измешани се лончињата, или не разбираат ништо или „тресла се гора родио се миш“, бруката и незнаењето ќе остави последици врз Владата“.

Освен универзитетскиот професор Давитковкси кој смета дека ова што го прави владата е апсурдност и притоа се брука со донесување на ваквите мерки кои покажуваат дека нема основни познавања во оваа одредена проблематика и други експерти го делат истото мислење, пишува порталот.

Воедно и Рафајловски смета дека додатно се оптеретуваат граѓаните со трошоци заради тоа што вака како што е поставен законот овие лица кои подлежат на оданочување ќе мора да ангажираат сметководител бидејќи ќе мора да имаат книга на влезо излезни фактури а тоа додатно ќе значи трошок за овие граѓани.

Исто така тој смета дека небулозни се тврдењата дека ќе се врши поврат на данокот на овие лица бидејќи како што вели тој тие само ќе го книжат додека фирмата која ги ангажира ќе го плаќа и пребива.

Рафајловски додаде дека двојно оданочување има и кога физичкото лице фактурира со ДДВ, а другото лице или фирмата со која соработува не е ДДВ ообврзник.

– Пример, уметник ќе направи свое дело и бил платен еднаш оваа година- тој ќе биде ДДВ обврзник и следната година можеби нема да има приходи воопшто но ќе мора на крај да дојде и да поднесе макар и празна ДДВ пријава. изјави Рафајловски.

Инаку, Владата на СДСМ и Зоран Заев ветуваше дека веднаш по доаѓањето на СДСМ на власт, на крајот од годината едно четиричлено семејство ќе добие дополнителни 30 000 денари, но наместо намалување на даноците и враќање на парите од данокот на додадена вредност оваа влада постојано ги качува давачките да граѓаните и ги зголемува даноците што станува неподносливо за голем дел од населението. Според инфорациите, лани физички лица со промет над еден милион денари биле регистрирани околу 1040 физички лица додека оваа година се смета дека таа бројка е повеќе кратно зголемена, пишува Економски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This