ХЈУСТОН РОКЕТС МУ ВРАЧИ ОТКАЗ НА КАРМЕЛО ЕНТОНИ ПО САМО 10 НАТПРЕВАРИ: Крилниот играч непотребен во тимот од Хјустон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот менаџер на НБА франшизата Хјустон Рокитс, Дерил Мори, потврдил дека клубот го раскинал договорот со крилниот играч, Кармело Ентони.

Ова сценарио беше извесно уште пред неколку дена, бидејќи Ентони последен пат настапи за Хјустон на 5-ти ноември.

„Имавме неколку дискусии и решивме да ја раскинеме соработката со Кармело Ентони. Иако, Мело секогаш ги прифаќаше одлуките на тренерот Дентони, тој не ги исполни нашите очекувања и решивме дека најдобро за него ќе биде да си побара нов тим. Секаков друг епилог ќе беше не фер кон него“, рекол Мори.

Мело ќе остане во Хјустон, нема да игра, но ќе добие време најдобро да ја реши иднината.

Овој крилен играч за Хјустон одигра десет натпревари, на кои во просек бележел по 13,4 поени и 5,4 скока по натпревар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This