Хaос во Урошевац: Поврeдeни повеќе од 30 лица во ekcплозија во кафуле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 31 лице е повредено во експлозија во кафуле во Урошевац, потврди локалниот обвинител Шукри Јашари. Причината за експлозијата е непозната. Меѓу повредените има и две деца. Четири лица се во тешка здравствена состојба.

Приштинските медиуми наведуваат дека експлозија на бомба во еден бар во Урошевац повреди 31 лице, од кои две потешко. Според други медиуми, причина за експлозијата е боца со гас.

Директорот на болницата во Урошевац, Јетон Зеќири, рече дека 22 лица повредени во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека осуммина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.

Четири лица претрпеа сериозни изгореници и се во животна опасност – рече Зеќири

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This