Хaoс во Холандија: Продолжува бeзредието поради воведувањето на полицискиот час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во неколку холандски градови во понеделникот, втора ноќ по ред, се одвиваат безредија откако изминатиот викенд беше воведен полициски час во рамките на сузбивањето на пандемијата на коронавирусот.

Во пристанишниот град Ротердам и во гратчето Гелeен, близу Маастрихт, интервенирала полицијата кој, како и ден претходно во Амстердам и Ајндховен, употребила солзавец и водени топови, а специјалните сили се судриле со групите демонстранти, пренесуваат медиумите повикувајќи се на соопштенијата на полицијата.

„Во тек е судир на интервентните полицајци и младите кои ги гаѓаат со петарди. Едно лице е уапсено“, објави на Twitter полицијата во Гелен.

Градоначалникот Ротердам, Ахмед Абуталеб, издал уредба којашто на полицијата ѝ ги олеснува апсењата.

Претходно во понеделникот премиерот Марк Руте го осуди „криминалното насилство“ во првите безредија во неделата, оценувајќи дека станува збор за „најлошите безредија во послените 40 години“.

Полицијата во неделата уапсила 250 лица на протестите во Амстердам, Ајндховен и во друго медиуми, објавија холандските медиумите.

„Ова нема никаква врска со борбата за слобода. Не ги носиме лефтерно сиве овие мерки. Го правиме тоа, бидејќи се бориме со вирусот и бидејќи тој сега ни ја зема слободата“, изјави премиерот Руте оценувајќи дека „99 отсто од Холанѓаните ги поддржуваат рестрикциите“.

Во Холандија во саботата го воведе првиот полициски час во земјата по Втората светска војна. Забрането е излегување од домовите во периодот меѓу 21 часот вечерта до 4,30 часот утрото следниот ден, што на сила ќе биде најмалку до 9-ти февруари. На прекршителите им се заканува казна од 95 евра.

Премиерот Руте мината среда рече дека за одлуката за полицискиот час придонело на ширењето на ткн британски сој на коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This