Хaoc во Британија: Се мобилизира вojckaта поради паниката што ја пpeдизвика недостигот на гориво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската влада најверојатно ќе ја мобилизира војската поради големите редови кои се создадоа на бензинските пумпи низ таа земја, потврди за Скај њуз извор од владата. Според него, станува збор за мерка на претпазливост.

Околу 90 отсто од британските бензински пумпи во големите британски градови денес пресушија откако паничното купување ја продлабочи кризата со ланецот на снабдување предизвикана од недостигот на возачи на камиони, за која трговците предупредуваат дека може да ја загрози петтата најголема светска економија.

Огромниот недостиг од возачи на камиони по брегзитот во Британија предизвика хаос во ланците за снабдување во сè, од храна до гориво, и ја зголеми низата нарушувања и поскапувања пред Божиќ.

Само неколку дена откако владата на премиерот Борис Џонсон потроши милиони фунти за да спречи недостиг од храна поради скокот на цените на природниот гас и нуспроизводите на јаглеродниот диоксид, министрите во повеќе наврати побараа од луѓето да се воздржат од панично купување. Голем број бензински пумпи затворија.

Вчера десетици автомобили во редици излегуваа од бензинските пумпи низ земјата голтајќи ги резервите и присилувајќи голем број бензински пумпи едноставно да затворат. Пумпите во британските градови се или затворени или со натписи дека нема гориво, јавува Ројтерс.

„Некои наши членови известуваат дека од вчера без гориво останале 50 отсто, а според некои извештаи, дури 90 отсто“, кажа Брајан Мадерсон, претседател на Здружението на трговци со нафтени деривати. „Значи, прилично е акутно“.

Британската влада објави план за издавање привремени визи за 5.000 странски возачи на камиони. Но, бизнис лидерите предупредија дека владиниот план е краткорочно решение и дека нема да го реши акутниот недостиг од работна сила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This