Хaoc во Минск: Пoвeќe oд 300 дeмoнcтpaнти пpивeдeни нa пpoтecтитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белоруската полиција соопшти дека стотици демонстранти се приведени во неделата во Минск на протест против претседателот Александар Лукашенко.

„Повеќе од 300 лица беа приведени во Минск под обвинение за кршење на законот за масовни собири“, објави полицијата, пренесува ТАСС.

Според полицијата во Минск, мали групи демонстранти се собрале помеѓу пладне и 15 часот по локално време.

Во некои области, учесниците на неовластени собири се обидоа да го блокираат сообраќајот, а полицијата презеде мерки за да се спречат ваквите активности, изјави портпаролот на полицијата

Тој додаде дека некои од приведените биле претходно одговорни за учество на неовластени митинзи. Според него, некои се спротивставиле на полицијата, за што се казнува со притвор до 30 дена.

„Значи, некои од приведените имаат вистинска шанса да ја поминат Новата година во притвор, наместо да бидат дома, со своето семејство“, додаде тој.

Според активистите за човекови права, демонстранти биле уапсени и во други белоруски градови.

Нерегистрираниот центар за човекови права Вијасна на својата веб-страница објави дека досега знае за 182 приведени лица.

Според белоруското здружение на новинари, неколку новинари биле приведени за време на протестите во неделата. Некои од нив беа ослободени по проверка на идентитетот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This