Хaoc вo Нигерија: Иcчeзнaa cтoтици yчeници oткaкo ce cлyчи нaпaд вo училиште..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици ученици се водат за исчезнати откако се случи напад во средно училиште во северозападна Нигерија.

Напаѓачите пристигнале со мотоцикли и започнале да пукаат во воздух, што предизвикало луѓето да почнат да бегаат, изјавија очевидци, пренесува Би Би Си.

Синоќа беше нападнато владино средно училиште со повеќе од 800 ученици.

Повеќе од 200 ученици беа спасени, додека армијата и авијацијата се вклучија во потрагата по исчезнатите.

Жителите кои живеат во близина на интернатот за момчиња за Би Би Си изјавија дека слушнале истрели околу 23 часот и дека нападот траел повеќе од еден час.

Обезбедувањето во училиштето успеало да одбие некои напаѓачи пред да пристигне полициското засилување, соопштија официјалните лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This